Во Ургентниот центар во Куманово регистриран е намален број на пациенти со сообраќајни повреди. Д-р Стефан Трајановски специјалист по ортопедска хирургија во Општата болница смета дека сообраќајниот трауматизам е значајно намален со примената на проектот „Безбеден град“. Заради поголема безбедност на граѓаните и во услови на високи температури д-р Трајановски апелира да се избегнува движење во периодот на интензивно сончево зрачење, да се пијат доволно течности, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се носи заштитна опрема.
Според податоците на МВР во однос на прекршоците по системот „Безбеден град“, во мај 2026 година на подрачјето на СВР Куманово регистрирани се 740 прекршоци, од кои 700 се за брзо возење. Од почетокот на 2026 година до 1 јуни годинава на подрачјето на Куманово се регистрирани 129 сообраќајни незгоди од кои 94 се со потешки последици и тоа три со загинати лица и 91 повредени, информираат од МВР.