(ВИДЕО) Нашиот млад тенисер Матеј Додевски на Тен-про јуниор турнир во Рафа Надал Академија

Младиот кумановски тенисер Матеј Додевски деновиве учествува на турнирот за јуниори кој се одржува во Рафа Надал академија на Мајорка.

По остварувањето на забележителни резултати во Македонија и регионот при што беше прогласен и за млад спортист на градот уште во 2018-та, Матеј продолжи да ја гради тениската кариера во Шпанија, каде и престојува со семејството.

Нашиот млад сограѓанин воедно е и единствениот претставник од Македонија, на вакво престижно натпреварување, на кое учествуваат дури 245 учесници од 40 држави.

 

На отворањето на турнирот, при излегувањето на младиот кумановец се интонираше и дел од македонската химна.

Турнирот е се уште во тек а резултатите можете да ги следите на линков:

https://www.tournamentsoftware.com/sport/tournament/matches?id=5CB76EDA-901C-487F-A636-D58A84CFA0DB&d

 

Екипата на ТВ Плус му посакува успех и бројни награди!

 

Коментари

коментар(и)