ВИДЕО: „На смешка“ со кратки, убедливи настапи по оригинални сценарија и маестрален хумор

-Во саботата што е зад нас, по втор пат се одржа „На смешка“ – настанот во организација на ТВ Плус и Асоцијацијата за култура и уметност Мулти Арт. Замислена како аудиција за нови стенд-ап артисти, вечерта не ја постигна примарната цел, бидејќи не се пријавија доволен број потенцијални комичари, но затоа пак се оствари во целост идејата на едно место да се стават луѓето кои се добро познати во светот на кумановската сатира. Кратките, убедливи настапи, по оригинални сценарија, ја изненадија публиката со својата современост, а вистинско освежување беше настапот на Горан Христовски – Љушка, кој покажа колку му недостигал театарот. А, токму тоа, публиката знаеше да го препознае. Малубројна или не, срамежлива за интеракција или не, тешка да се насмее или објективно критизерска – публиката беше задоволна и сè за неа беше На смешка и Нема љутиш во оваа Куманија каде се игра кабарето Кабает со малку Поткастрување.