ВИДЕО: Нестабилните временски услови ги зголемија повиците во Итната помош

Итната медицинска помош во Куманово деновиве бележи зголемен број на повици. Лекарите појаснуваат дека причините за голем дел од здравствени тегоби најчесто се поврзани со нестабилните временски услови.

„Граѓаните најчесто имаат поплаки во врска со главоболка, вртоглавица, општа слабост, а пак кај хронично болните доминираат проблеми со висок крвен притисок и тешкотии при дишењето“, информира д-р Христина Краиновиќ, специјалист по ургентна медицина од Итната медицинска помош во Куманово.