ВИДЕО: Низа настани во Центарот за култура

Во Центарот за култура периодов ќе се одржат неколку настани. Утре со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на последниот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“. По дваесет и две години од објавувањето на „Папокот на светот“, најнаградуваниот македонски роман, и десет од последниот роман „Ќерката на математичарот“, Андоновски блесна со нов ракопис што се распродаде за помалку од еден месец. Во сабота пак во малата сала во 12 часот ќе се одржи детската претстава насловена „Рибарот и златната рипка“. Билетите се веќе во продажба по цена од 150 денари. Во претставата играат Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички , Давид Илиќ и Пируника Киселички.

Коментари

коментар(и)