ВИДЕО: Нови вработувања во домот за стари лица во Куманово

Нови вработувања до крајот на годинава ќе има во домот за стари лица „Зафир Сајто “. Ова го соопшти денеска директорот Дејан Стојановски. Според него, добиена е согласност за вработување на поголем број лица од министерството за социјална политика, но ќе бидат ангажирани 10 или 11 лица, претежно негуватели и помошно- технички персонал.

Во меѓувреме, во Домот „Зафир Сајто“ преку повеќе активности се одбележува Неделата за грижа на старите лица, информираат надлежните.

Коментари

коментар(и)