Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10 часот лишиле од слобода 30-годишен жител на село Романовце, соопшти МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „зораки” со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информораат надлежните.