ВИДЕО: Нови успеси на атлетичарите на Младинскиот куп

Прво место во женска категорија и трето место севкупно на младинскиот куп на Македонија, се резултатите коишто викендов ги постигнаа атлетичарите на Атлетски клуб Куманово. По трет пат Теа Алексовска ги помести границите на државниот рекорд во фрлање кладиво, кој сега изнесува 31, 79. Освои две први места во фрлање диск и кладиво, второ место во фрлање ѓуле и трето во трискок.  Дијана Вукановиќ освои две први места на 400 метри со пречки и 200 метри и две втори места на трискок и 100 метри со пречки и три лични рекорди.

-Учествував во четири дисциплини од кои успеав во сите да фатам норма, што е важно за ваков вид натпревари. Најбитно беше за мене во фрлање кладиво и диск да бидам прва и тоа и успеав исто така го подобрив мојот државен рекорд во фрлање кладиво кој сега изнесува 31,79 и тој исто така е рекорд и под 18 години и под 20. Пред тоа летово имав и други натпревари успеав да станам државен првак во фрлање кладиво и диск и под 18 години и под 20 исто така и сениорски првак-истакна Теа Алексовска, атлетичарка во АК Куманово.

-Викендов учествував на младинскиот куп, во четири дисциплини и штафета  4×100 метри, во која забележав значителен успех, освоив две први и две втори места. Со тоа освоив поени со што придонесов за освојување на прво место во женска категорија и трето место севкупно. Во наредниот период имаме уште неколку значајни и не толку значајни натпревари, се надеваме на подобар успех и резултати-нагласи Деана Вукановиќ, атлетичарка АК Куманово.

Станува збор за Младински куп на земјава, во кој настапуваат сите клубови. Рангирањето се прави со собирање поени, категорија под 20 поени. Опфатени се сите дисциплини во атлетиката, скокачки, фрлачки, трчање.

Тренерот Филип Колевски вели по промените во системот на рангирање од лани, речиси и не очекувале вакви одлични резултати.

Се овозможија некои норми и клубови кои имаа поголем број атлетичари, на граница да можат да земаат поени, мислев дека оваа година ќе имаме голем пад, бидејќи сме помалубројна екипа и така се потпиравме на високите резултати кои ги правеа нашите поединци и се броевме успешно со далеку побројни екипи, бидејќи системот на рангирање форсираше квалитет. Сега со спуштање на речиси сите норми се овозможи да има многу поголем број освоени поени и на сениорскиот и младинскиот куп, задоволен сум сениорскиот клуб го освоивме на изненадување а на младинскиот куп го задржавме оној традиционален успех барем една екипа да ни е прво место, оваа година е женската екипа и севкупно машки женски бевме трето место, за сосема малку една дисциплина да беше подобра ќе бевме и тука на прво место. Женските направија доминација во овој систем на рангирање може да се очекува голем пресврт во работите но покажавме дека можеме да се носиме, иако приоритет ни беше работа на поединци да станат државни прваци, рекордери,  но и во репрезентација, значи помал број но квалитетна екипа-нагласи тој.

Успешни резултати, лични рекорди како и придонес за големиот пласман имале и Лина Аневска и Михаил Стошевски. Во наредниот период на атлетскиот клуб му претстојат уште неколку натпревари, меѓу кои и пионерскиот куп, повеќебој, првенство под 14 години како и атлетскиот митинг 11-ти октомври кој се одржува во Куманово. Се надеваат на успешни резултати.

 

 

Коментари

коментар(и)