(ВИДЕО) Ново пајак возило ќе добие „Куманово -паркинг“

Со набавка на ново пајак возило и со проширување на зоната Б ќе се ублажи проблемот со паркирање и сообраќајниот метеж, а ќе се зголемат и приходите на претпријатието, рече на денешната седница на Советот,  директорот на „Куманово паркинг“, Фадиљ Шабани, откако претходно дел од советниците имаа забелешки во однос на работењето на претпријатието.

– Верувам дека во текот на овие два месеци, врз основа на информацијата од градоначалникот, од Светската банка ќе дојде нов пајак и многу ќе помогне во зголемувањето на приходите на претпријатието. Не е наша вина што не се проширени зоните во градот, одлуката треба да ја однесете вие како советници. Јавното претпријатие „Куманово- паркинг“ функционира со пајак од 1986-та година, старо возило, поднесовме барање до Советот на Град Скопје и градоначалникот на Град Скопје кој со директорот на скопскиот паркинг ни даде донација едно возило со кое работиме и се услужуваме и денеска, рече директорот, рече Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово- паркинг“

Освен за измената на програмата за работа за годинава, советниците побараа одговори и за финансиското работење и субвенционирањето на паркинг услугите на лицата со посебни потреби. Шабани објасни дека бројката на лицата кои што користат субвенции е околу сто,ѝ кои што на годишно ниво се субвенционираат со 24.000 денари.

„Бидејќи во најголем број случаи овие лицата не се во состојба самите да управуваат со возило, повластувањата ги користат членови на потесното семејство“, објасни директорот.

Советникот Ивица Костовски, кој што е и вработен во „Куманово паркинг“ дообјасни во однос на повластените услуги на лицата со посебни потреби.

По повеќе од едночасовна расправа, советниците ги изгласаа извештајот за финансиското работење на ЈП „Куманово – паркинг“ за првите три месеца од годинава, програмата за измена на програмата за работа на претпријатието за тековната година и предлог – решението за давање согласност на одлуката на „Куманово – паркинг“ за отуѓување на моторни возила.

Коментари

коментар(и)