За целосна реконструкција на спортскиот комплекс Соколана потребни се дополнителни средства кои се очекува да ги обезбеди Владата наредната година. Четвртата и петтата фаза од реконструкцијата би се реализирале со средства во висина од околу 700.000 евра. Досега Соколана се реновираше со општински средства, освен надворешното игралиште, велат надлежните.
-Според наша проценка и според проценката на проектот, се потребни уште 700 илјади евра за завршување. Чекаме повик од страна на Владата, а беше дадено ветување и од страна на премиерот дека тие средства ќе бидат обезбедени. Јас тоа очекувам да се случи во тековната 2027 година. Првата фаза, која опфаќала статичко зајакнување и обезбедување на објектот од рушење, е целосно завршена и финансирана од Општина Куманово.Со општински средства е реализирана и втората фаза – замена на кровниот покривач, како и третата фаза, која вклучува партерно уредување и доуредување на спортските терени. Исклучок е реконструкцијата на надворешното игралиште, која претходно беше финансирана од тогашната Агенција за млади и спорт, изјави Димитриевски.