ВИДЕО: Одржан турнир во мал фудбал

Професори од Општинскиот сојуз на спортови освоија прво место во турнирот во мал фудбал  што беше организиран вчера од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Локалниот совет за превенција со цел зближување на овие институции.

Екипата на Секторот за внатрешни работи Куманово на турниот освои второ место, третото припадна на вработените во Општина Куманово, а четврто место освоија волонтерите на Црвениот крст.

– Турнир во мал фудбал помеѓу институции, оние кои најмногу соработувавме во овој период и коишто се најважни за таа локална поврзаност и безбедноста на младите и возрасните. Тоа се одржа во текот на вчерашниот ден. Поентата не беше повеќе околу натпреварувачкиот карактер и кој ќе го освои пехарот, туку повеќе беше да се истакне таа наша заложба за заедничка поврзаност и посветеност на заедничкото работење, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција.

Турнирот се реализираше под мотото „Заедно за здраво и безбедно детство“.

Коментари

коментар(и)