(ВИДЕО) Од први февруари ќе започнат повеќето од линиите на јавниот превоз

За линиите за кои нема поднесено жалби денеска ќе се потпишат договори со компаниите што имаат добиено на тендерската постапка на веќе поставените линии кои што се над 20 во општина Куманово и ќе започнат да функционираат од први февруари, изјави денеска градоначалникот Максим Димитриевски, одговорајќи на новинарско прашање.

За пет, односно шест линии има поднесено жалби и за нив ќе се чека да одлучи второстепената комисија во ресорното министерство за транспорт и врски, потенцира Димитриевски.

Проблемите со јавниот превоз во општината нема да се одразат на превозот на учениците кои од први февруари тргнуваат на училиште, нагласува Димитриевски.

 

Коментари

коментар(и)