ВИДЕО: Опаднат интересот за редовните вакцини за децата, лекарите со апел родителите да не се колебаат

Од Здравствениот дом информираат дека е опаднат интересот за редовната имунизација против детски болести во Куманово. Повеќето родители и сега во пандемијата, меѓутоа и претходно, одбиваат навреме да ги вакцинираат своите деца. Најчесто се колебаат за вакцината МРП, поради претпазливост од појава на аутизам. Надлежните проблемот го лоцираат во антикампањата која се води на социјалните мрежи. Здравствените работници загрижени велат поради недоволна имунизација почнаа да се враќаат заразните болести кои со години не биле застапени.  Апелираат родителите да не ги избегнуваат редовните вакцини, бидејќи со тоа може да создадат и компликации кај дечињата.

-Вакцината не е причина за никакви болести, туку таа штити од болести и бидејќи имаме недобра опфатеност почнаа да се појавуваат туберкулоза и некои други  болести кои со години наназад ги немаше-вели д-р Снежана Јовановска, началник Здравствен дом Куманово. Кај машките деца прават компликации, бидејќи паротитисот е вирусно заболување нема лек, тие кои ќе заболат ги осудуваат родителите на стерилност. Исто така и втората компонента рубеола е важна за женските деца, бидејќи во текот на бременоста доколку се зарази мајка со рубеола се раѓа плод со конгенитални аномалии-информира д-р Јовановска.

За разлика од кај дечињата, интересот кај училишните деца е сосема висок. Со вакцината МРП се имунизирани над 80 проценти од учениците.

 

 

Коментари

коментар(и)