Деновиве се дистрибуираа опомени за неплатени обврски по основ данок на имот за физички лица за 2022 година. Од Секторот за даноци и такси при општина Куманово информираат дека доколку даночните обврзници не го платат даночниот долг во рок од осум дена од денот на доставувањето на опомената на последната адреса што ја имаат пријавено во Секторот за даноци, ќе се пристапи кон генерирање на Решение за присилна наплата. Доколку даночните обврзници ги имаат платено обврските во меѓувреме, нека не ја земаат предвид опомената, велат надлежните.
Повеќе детали од изјавата на раководителот на Секторот за даноци и такси, Ненад Стојановски.