ВИДЕО: Општината ќе доделува парична помош за секое запишано прваче, усвоена иницијативата на СДСМ

Советот на општина Куманово на вчерашната седница донесе едногласна одлука да се обезбеди субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта. Градоначланикот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека со одлуката се утврдува право на субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение по прв пат во учебната 2023/2024 година, со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на Општина Куманово, од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година во нето износ од 2.000,00 денари, по ученик“.

На оваа тема прес конференција денеска одржаа советници од СДСМ, кои истакнаа дека продолжуваат со грижата за граѓаните и нивниот стандард. Нагласија дека одлуката доаѓа како предлог и иницијатива на советничката група на СДСМ и коалицијата, а беше прифатена од сите субјекти и членови на Советот на Општина Куманово.

-Овде сакаме да искажеме благодарност и до градоначалникот кој го прифати овој предлог, како и секторот за образование, кои ја поедноставија постапката за аплицирање, како и до сите советници кои гласаа за оваа одлука. Родителите на сите ученици запишани за прв пат во општинските основни училишта во Општина Куманово во учебната 2023/2024 година ќе имаат право на оваа субвенција во нето износ по 2.000 денари по ученик-истакна советникот од СДСМ, Дејан Ивановски.

Советниците укажуваат дека како одговорен политички субјект продолжуваат со вистинска грижа за сите граѓани и во наредниот период со предлози и иницијативи кои се во интерес само на граѓаните и предлог мерки кои го штитат животниот стандард.

 

Коментари

коментар(и)