Поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (на 17.12. и 18.12.2024 година со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), согласно добиениот Акциски план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари 2024-2025година) од Министерство за животна средина и просторно планирање и Заклучокот на Владата на РСМ од триесет и третата седница, Општина Куманово им препорачува на граѓаните:
– Да се користи јавниот превоз
– да не се користат возила без поголема потреба
– да се возат повеќе лица со едно возило истовремено
– да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
– да се користат правилно печките за дрва и
– строга забрана на горење на отворено.
Со препораки и Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје.
– ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма) и
– ограничени движења и активности на лицата, кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор.
Од страна на општина Куманово преку ЈП„Чистота и зеленило“, синоќа во вечерните часови се изврши аеросолизација на територијата на градот, како ефикасна мерка во справување со загадување на воздухот.