Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и КООП Инженеринг се подготвени за зимското одржување на градот и руралните средини.
За чистење на централното градско подрачје, булеварите и најфреквентните улици во градот, како и на пешачката зона, плоштадите и тротоарите, задолжено е комуналното претпријатие, а за руралниот дел приватната компанија.
Вкупно, за таа намена општина Куманово предвидува 14 милиони денари, од кои за „Чистота “ – 9 милиони денари.
Комуналното претпријатие располага со доволен број на механизација за претстојната зимска сезона, а има и доволно количини на сол и средство против подмрзнување на јавно прометните површини.