ВИДЕО: Отворена изложбата „Фото Салон 2022“

Љубителите на уметничката фотографија вчаравечер имаа можност да присуствуваат на отворањето на меѓународната изложба „Фото салон 2022„ во Занаетчискиот дом. Организатор на изложбата на која со свои дела се претставија 94 автори од седум балкански држави е Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово. Фотографите твореа на слободна тема, а наградени се вкупно 24 фотографии, информира претседателот на клубот „Козјак“, Милош Нешковски.

Изложбата е дел од културните настани организирани во чест на празникот 11-ти Ноември.

-Пристигнати се 302 фотографии од 94 автори, наградени се вкупно 24 и имаме една награда за најдобар учесник на изложба, од тие награди имаме  12 дипломи, 12 медали, златна, сребрена и бронзена од сите институции кои се покровители на изложбата. Изложбата е жирирана од тројца наши членови, јас, Филип Илиевски и Дејан Краљевски сите ги исполнуваме услови под фото сојуз на македонија да жирираме изложби, изјави Нешковски.

Дел од активностите на Фото кино клубот „Козјак“ се и организирање на основен курс за уметничка фотографија, како и меѓународниот филмски фестивал „ФИЛМАЈ“. Од клубот се надеваат дека наредната година кога „Козјак“ прославува 75 години постоење ќе организираат и дополнителни активности.

– Ние органиизраме фото школа , односно организираме основен курс за уметничка фортографија кој трае од 4 до 6 месеци и тоа ни е еден од главните настани со кои привлекуваме млади во клубот и идни членови се надеваме. Јас влегов како курсист и секоја година од тогаш се одржува школата, почнува во септември, а завршува со клупската изложба „Мајски салон“, изјави Нешковски.

Активностите на Фото кино клубот „Козјак“ се поддржани од општина Куманово, локални компании, НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Коментари

коментар(и)