ВИДЕО: Поетска средба во средното училиште „Наце Буѓони“ по повод Денот на сесловенските просветители

Средното училиште „Наце Буѓони“ денеска организираше поетска средба  по повод претстојниот Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, 24 Мај. На настанот учествуваа и членови на Друштвото на писатели од Куманово кои што со своите творби се претставија пред присутните ученици и наставници од училиштето. Освен со лични творби, учениците од „Наце Буѓони“ се претставија и со музички точки и ора.

-Денеска организиравме поетска средба каде што беа поканети и членови на Друштвото на писатели од нашиот град со цел да ја продолжиме мисијата на сесловенските просветители. Имаме музички точки, творците од нашето училиште ќе се претстават со нивни лични творби со кои што учествуваме целата година, учествуваме на многу настани, конкурси, а исто така имаме и наша музичка група која што ќе се претстави со точки и оро. Темите се претежно од самите конкурси на кои што сме учествувале, има и на слободна тема, но има и теми кои што се дадени од самиот конкурс, изјави Георгина Стојмановска, ученик во „Наце Буѓони“

-Ние сме од техничкото училиште, денеска сме дел од овој настан и ќе се претставиме со пембе оро, а за нашиот изглед денеска се задолжени од КУД „Панче Пешев“ . Бидејќи ние веќе одиме на играорна, не ни беше толку тешко да научиме, за нас беше задолжена професорката по македонски јазик Катерина, која што беше со нас овие неколку недели, ни помагаше, имавме заедно проби, вежбавме и супер поминавме, изјави Анастасија Митровска, ученик во „Наце Буѓони“

 

Коментари

коментар(и)