Гаснење на опожарени стрништа и сува трева биле најчестите интервенции на пожарникарите од Куманово во текот на август, а претходниот месец имале значителен број на технички интервенции, соопшти командирот на Територијалната противпожарна единица Куманово Борис Станковски.
Кумановската противпожарна единица интервенира и на подрачјата на соседните општини, особено во Липково каде што нема противпожарна единица.