По повод Детската недела и Денот на учителот, здружението на просветни работници од Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски и секторот за образование организираа настан на кој присуствуваа првачиња од сите училишта од градот заедно со своите наставници и директорите. Дечињата имаа можност да му постават прашања на градоначалникот, но и да се претстават со своите лични творби.