(ВИДЕО) Превентивно- едукативна акција на полицијата и општината

Да не се управува возило кога сте под дејство на алкохол, односно да се почитуваат сообраќајните правила и прописи е пораката од денешната превентивно-едукативна акција на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Станува збор за уште една од повеќето превентивни мерки и активности што континуирано ги преземаат полицијата и општината за јакнење на свеста за безбедно учество во сообраќајот кај сите категории на граѓани.

Преку симулација и едукативна вежба со т.н. пијани наочари, возачите на моторни возила се соочија со можност, преку показна симулација да утврдат состојба во која би можеле да бидат доколку конзумираат алкохол и управуваат возила.

– Денешниот настан е посветен на Денот на винот со укажување да не се управува со моторно возило кога се консумира алкохол и да не се консумира алкохол кога треба да тргнуваме на пат. Имаме соодветен едукативен и рекламен материјал кој што постојано ќе им укажува после овој ден да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пред се безбедно учество во сообраќајот без употреба на алкохол. Инаку, во натамошниот тек од утре почнуваме една поголема превентивна кампања во област на безбедност во сообраќајот за деца со голема група на дечиња во градинки кое што опфаќа едукативен дел, практична работа на терен, посета на СВР Куманово и одреден вид на натпреварување помеѓу дечињата од сите клонови и секако еден завршен настан пред летото со возење велосипед и заедно со полициски службеници, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција  при СВР Куманово

Акција за совесно возење и управување со возилата и учество во сообраќајот беше спроведена и вчера на повеќе локации во општина Куманово.

Најсовесните возачи добија освежувачи за возила-фрешери, пенкала со лого на кампањата, функционални торби за пазарење со логото „БИДИ БЕЗБЕДЕН” и вода за освежување.

Коментари

коментар(и)