(ВИДЕО) Претседателот на Република Српска во посета на општина Куманово

„Куманово има одлична соработка на културно ниво со повеќе општини од Република Српска и Босна и Херцеговина, а денеска разговаравме за продлабочување на соработката на економски план“, рече градоначалникот Максим Димитриевски на заедничката прес-конференција со претседателот  Жељка Цвијановиќ. Претходно делегација предводена од претседателот на Република Српска, Цвијановиќ оствари средба со Димитриевски, а всушност нејзината официјална посета на Македонија започнува токму од Куманово и тоа на Националниот празник на Србите, Свети Сава.

-Ние таа соработка ќе продолжиме да ја негуваме и унапредуваме. Соработката веќе се одвива на културно ниво, а секако нашата цел е да се зголеми и на економско ниво. Сакам во оваа прилика да им го честитам денот Свети Сава на сите претставници на српската заедница во Македонија, да посакам здравје, среќа и успех, рече Димитриевски.

И Цвијановиќ ја истакна одличната соработка со општина Куманово и воопшто со Северна Македонија, потенцирајќи дека постои простор за нејзино продлабочување и унапредување, но и да се проширување на соработката со останатите земји во регионот.

Коментари

коментар(и)