ВИДЕО: Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово за 2025 година

Здружението на просветни работници Куманово денеска свечено ги додели признанијата на просветните работници на општина Куманово за 2025 година во три категории, беа прогласени наградените ученици и ментори од одржаната ликовна работилница посветена на Свети Кирил и Методиј, а во Занаетчискиот дом беа изложени и ликовни творби на ученици од основните и средните училишта.

Признанија им беа доделени на просветните работници: Николина Милевска од ООУ „Кочо Рацин“ во категоријата одделенска настава, наставничката по математика Даниела Стојановска од ООУ „Христијан Карпош“ во категоријата предметна настава и наставникот по математика Слаѓан Станковиќ од ОСТУ „Наце Буѓони“ во категоријата средно образование.