ВИДЕО: Проекти за справување со загадувањето на воздухот

Во следните три години ќе се реализираа проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, чија што цел е да ги поддржи локалните власти во градовите кои имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот – Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга при откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за решавање на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест.

Исто така, во овој период ќе се реализира и проектот „Градење на општинските капацитети за спроведување на проекти“. Двата проекти се дел од програмската рамка за соработка меѓу Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида) и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Првиот повик за општините и за Центрите за развој се очекува веќе во април годинава.

Коментари

коментар(и)