Општинскиот сојуз на училишен спорт на Куманово започна со реализација на проектот „Спорт за сите деца“ кој се однесува на дијагностично тестирање на моторните способности кај учениците во општина Куманово.
„Дијагностичкото тестирање е важен чекор кон идентификување на спортските таленти и проценка на нивниот здравствен и физички развој. Со планираната стратегија ова тестирање ќе стане редовна пракса која ќе ги подготви идните генерации за поздрав и поактивен живот, а општината Куамново ќе ја стави на врвот во Македонија по грижа за учениците“, велат надлежните од Општинскиот сојуз на училишен спорт.
Проектот првпат се реализира во Куманово, но и на ниво на државата. Со него ќе бидат опфатени сите ученици од шесто до деветто одделение и од средните училишта до крајот на следната година.
Развојот на спортот континуирано го поддржува и општина Куманово.
