Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода кумановец на возраст од 37 години, соопшти СВР Куманово. Според полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.