„Само љубов да не води“ е насловена збирката песни од кумановката Бисера Петрушевска промовирана вчеравечер во Занаетчискиот дом. Како што вели Петрушевска, присутните имаа можност да бидат дел од една невообичаена промоција и едночасовно ширење љубов преку песните објавени во првата книга на Бисера, на која љубовта и е основната инспирација за сите напишани песни. Збирката песни е поделена на три дела, а наменета за сите читатели.
Бисера Петрушевска е родена 1991 година, основно образование завршила во ООУ „Кочо Рацин“, средно во Гимназијата „Гоце Делчев“, високо образование на Природно -математичкиот факултет во Скопје, насока – биохемија и физиологија. Бисера е вработена по струка, посветена сопруга и горда мајка на десетгодишно дете.
-Инспирацијата ми е од мали нозе посебно песната, лирските трворби. Првично беа пишувани во обична домашна тетратка, имав прилика тоа што го напишав да биде преточено на хартија како што доликува, и еве имаме и од општината покана да се промовира едно убаво дело, уметничко дело со кое што ќе шириме многу љубов, и самиот наслов кажува „Само љубов да не води“. По природа сум таков човек што во се барам трошка љубов и давам и барам и тоа ми беше основната мотивација скоро на сите песни што се во самата збирка. Во зборката има педесетина, односно 48 песни, поделени се во три дела, првиот дел е посетен на детето, сите се наменети за децата, во вториот дел се песни инспирирани од мојот живот и во третиот дел веќе зборувам за христијанскиот живот кој што за мене, за мене христијанството е ѕвезда водилка во мојот живот и тоа што јас го иамм проживеано благодарение на Бога сакам да го пренесам и на тие што ќе имаат прилика да прочитаат од песните кои што се самата збирка. Збирката песни е наменета апсолутно за сите и вечерва преку промоцијата ќе видиме дека ова е еден патоказ низ животот будејќи го детето во нас ќе ја разгоруваме љубовта во се она што не опкружува и таму каде што има и тага сепак да не останеме во очај и потиштеност, туку да ја разгоруваме љубота и да се бориме со се што носи денот и ноќта. Нови творби се собираат во нова тетратка, кога ќе има доволен број и прилика сигурно дека ќе биде објавено како и оваа збирка песни, изјави Бисера Петрушевска, автор на збирката песни „ Само љубов да не води“.