Казнено поправната установа Затвор Куманово во село К’шање, преку проект на Европската унија доби детско катче, наменето за децата на осудените лица и пекарска фурна, за потребите на кујната во установата.
Проектот е во вредност од 17 илјади евра, а реализиран е со поддршка на Европската Унија и Советот на Европа во соработка со локални партнери.
На промоцијата на детското катче и пекарата присуствуваа делегација на ЕУ во Македонија и претставници од Управата за извршување на санкции.