ВИДЕО: Промовиран филмот за ракометарката Јасмина Голубовиќ

Љубителите на спортот, претставници на установи и граѓани синоќа во Занаетчискиот дом, имаа можност да ја проследат промоцијата на документарниот филм за ракометната легенда, кумановката Јасмина Голубовиќ. Автор на 30-минутниот филм за Голубовиќ, е спортскиот новинар Марјан Стошевски. Филмот е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. За ликот и делото на Голубовиќ, школските денови, животот со семејството, настапите во „Партизан”, за ангажманот како просветен работник, во рамките на документарниот филм говорат 20 познавачи. Обраќајќи се пред присутните, авторот Стошевски истакна дека на филмот со екипата работеле пет месеци.

аправивме еден документарен филм кој се надевам ќе биде поттик за наредните генерации да го следат нејзиниот пример кој дава едно големо обележје во женскиот ракомет во Куманово. Јасмина има постигнато над 1000 голови и е навистина рекордер со кој што се надевам сите се гордееме. Не ми беше воопшто тешко да работам затоа што знам за каков спортист, за каква ракометарка се работи и пред се за каков голем човек се работи. Постарите кумановци ќе кажат Јасе беше една уникатна спортска личност на Куманово за која сите ние се гордееме и ден денеска. Заедно со Небојша Кипријановски бевме во повеќе делови на Куманово, бевме во Бар, Црна Гора-нагласи тој.

Пред кумановци се обрати и синот на познатата ракометарка. Тој изрази благодарност до екипата која што работела на филмот, како и до општината и сите кои што дале свој придонес за да се создаде ова дело.

За моето семејство таа е овде и е присутна отсекогаш, а благодарение на сите вас ќе биде уште поприсутна и бесконечна, и знам дека од таму горе сега е уште погорда на сите нас изјави Даниел Ѓок Ѓуриќ, син на Јасмина Голубовиќ.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски истакна дека Голубовиќ е една од заслужните за достоен развој на ракометот во Куманово и пример на успешен спортист, кој треба да го следат новите генерации. Документарниот филм за Голубовиќ, не случајно е објавен на истиот датум кога што е пуштен спортскиот комплекс Соколана, пред точно 99 години.

Голубовиќ е родена во 1947-та година во Куманово. Настапувала за македонската и југословенската репрезентација. Кон крајот на педесетите и шеесетите години на минатиот век дошла во „Соколана“, каде ракометната топка и донесе голема популарност. По завршувањето на нејзината кариера се омажи во Бар, Црна Гора. Голубовиќ настапуваше во најдобрата генерација на женскиот ракомет предводена од тренерот Симоновиќ. Починала во 1989-та година.

ВИДЕОТО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНО ПО 18 ЧАСОТ

Коментари

коментар(и)