Со бајката „Зелена кралица“, кумановката Анита Димовска, професорка по англиски јазик дебитираше на книжевната сцена. Бајката која Димовска ја посвети на својата ќерка Бела, а порачува дека треба да се грижиме за животната средина е објавена во новата книга за деца „Детелинки белинки“- современи бајки со четири листенца. Делото содржи 16 бајки од 15 автори, меѓу нив е и бајката „Авантурите на едно мракче“ од Билјана Станковска, поетеса, раскажувач и писател за деца од Куманово.