Мерките за самовработување и за практиканство биле најатрактивни за невработените кумановци минатата година, покажуваат податоците од Центарот за вработување. Што се однесува до обуките, невработените најголем интерес покажале за обуката за напредни ИТ вештини. Обуката за специјалист за човечки ресурси во Куманово успешно ја завршиле 8 лица, информира раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска. Преку мерките и програмите кои ги спроведувал Центарот за вработување минатата година се вработиле над илјада лица.
Според последните официјални информации заклучно со 30 ноември 2023 година на ниво на Центарот за вработување Куманово пријавени се 10.876 лица како активни баратели на работа.