ВИДЕО: Семинар за традиционална музика и игра организиран од центарот за култура

„Од Средорек до Дурачка река“ е насловен семинарот за традиционална музика и игра што првпат го организира центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Дводневните активности се насочени кон едукација на граѓаните за сопствената традиција, културата на нивните предци, нешто што во една контамнирана форма се уште може да се види и кај повозрасното кумановско население. Да ја запознаеме пред се нашата локална традиција, е пораката од семинарот за традиционална музика и игра, истакна етнокореологот Бојан Петковски.

-Сакавме на публиката да и ја доловиме традицијата на нивните предци затоа што моето лично мото е дека доколку сакате да стигнете до глобално пред се треба да го запознаете локалното односно мора да ја познавате традицијата на локалните предци, на нашите баби и дедовци за да стигнеме до поголеми знаења. Семинарот е поделен на два дена затоа што е поделен на два сегменти, денешниот ден работиме мастерклас на тема „Од Средорек до Дурачка река“, односно теоретско предавање низ два науки, низ аспект на етнологијата и низ аспект од етнокореологијата. На присутните ќе им се понуди од базично знаење за пределите каде се наоѓаат, како се маркираат, што се претставувале овие предели некогаш до навистина понаучни и постручни податоци во однос на овие етнички предели, каде што присутните ќе можат да видат и една филмувана реконструкција Не плети лесо- свадбен обред од етничкиот предел Дурачка река, која што е тема на нашиот семинар, додека пак во утрешниот ден ќе биде практичен ден каде што сето она што денеска го зборуваме низ мастеркласот ќе може да ги разработат тие ора практично, изјави Бојан Петковски, етнокореолог

Петковски посочува дека во минатото традиционалната носија во етничките предели Жеглигово, Средорек и Славиште била идентична. Впечатлив е фактот на задржување на еден тип носија на голем простор.

Инаку, во текот на утрешниот ден  учесниците активно ќе ги разработат применетите знаења, а ќе бидат доделени и сертификати.

Коментари

коментар(и)