ВИДЕО: Се бараше билет повеќе за јубилејниот годишен концерт на КУД „Српски вез“

Куманово викендов беше центар на култура и домаќин на многу пријатели на КУД „Српски вез“од Македонија, Србија, регионот и дијаспората одбележувајќи го десетгодишното постоење и успешно функционирање со повеќечасовен концерт во големата сала на Центарот за култура.

По повод јубилејот,  „Српски вез“ подготви  богата културно-уметничка програма. Во преполната сала пред публиката настапија сите фолклорни групи на КУД „Српски вез“, група на почетници или школа за фоклор, детски ансамбл, младински ансамбл и прв изведувачки ансамбл. Дел од големиот концерт беа и пејачката и етно групата придружувана од оркестарот на „Српски вез“. Програмата беше збогатена и со учеството на КУД „Плави делија“ од Романија, КУД „Опленац“ од Топола, КУД „Копаоник“ од Лепосавиќ, професионален тамбурашки оркестар од Романија, а специјална гостинка на концертот беше Даница Крстиќ, еден од најдобрите етно вокали на овие простори.

Друштвото „Српски вез“ е формирано во септември 2013-та година, а основач и прв претседател беше Горан Стојковиќ.

Во моментов „Српски вез“ брои над 140 членови, кои што преку музика, игра, песна успешно ја шират и зачувуваат српската култура, традиција и национален идентитет.

Пред присутните се обрати Далибор Китановиќ, првиот човек на културно -уметничкото друштво кое претходната година беше добитник на многу награди и одликувања, меѓу нив и Видовденски златен медал за особени заслуги во јавните и културни дејности врачена од претседателот на РС Александар Вучиќ.

-Јас сум и горд и среќен и возбуден, не само јас, туку и целата екипа на Српски вез затоа што успеавме да ја наполниме оваа преубава сала десет пати по ред и тоа не е мала работа. За нашата работа, подеми, успеси, доволно говори оваа преполна сала, доволно зброува програмата која ја подготвивме и е особено квалитетна. Сакам да се извинам на сите наши родители односно на наши членови, граѓани на Куманово, наши пријатели кои не успеаја да дојдат вечерва заради ограничен број на влезници за вечерашниот концерт, жал ми е, толкав е капациетот, но ја користам можноста екслузивно да најавм дека на 10- ти јуни заедно со националниот ансамбл „Коло“ од Белград ќе одржиме еден заеднички концерт по повод нашиот јубилеј, рече Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“ .

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски говорејќи пред присутните истакна дека токму десетгодишната успешна приказна на Српки вез потврдува дека Куманово гради реално мултиетничко општество.

„Сите заедно веземе вез на младоста, вез кој го чува српскиот идентитет, јазик и култура, сите заедно денеска везем еден златен српски вез, рече Сања Лакиќ, Народна скупштина РС

Десеттиот јубилеен концерт е поддржан од Управата за соработка со дијаспора и Србите од регионот при министерство за надворешни работи на Република Србија, министерство за култура на Македонија како и од општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)