Зачестените пожари на депонијата Краста повторно „го вклучија алармот“ кај жителите на Пчиња и околните кумановски и скопски села. Густиот чад и секојдневната непријатна миризба што се шират од депонијата последните шест месеци предизвикуваат масовна загриженост и револт заради игнорантскиот однос на надлежните институции во однос на трајното решавање на повеќедеценискиот проблем. Засегнатите граѓани бараат итна реакција од Општина Куманово, Министерството за животна средина, Владата.