ВИДЕО: Се инвестира вo училиштата во руралните средини, ООУ „Карпош“ – пример за останатите

Учениците од основното училиште „Карпош“ во село Умин Дол и подрачното во Љубодраг деновиве добија училишни униформи. Нови униформи обезбедени се и за наставниците, информира директорот Мирослав Димевски.

Изминатите неколку месеци реализирани се повеќе активности во насока на развој на образованието во руралните средини. Учениците, заедно со наставниците и месното население реализирале две еколошки акции со што обезбедиле услови за овошна градина во која биле засадени 150 садници од речиси сите видови овошки. Цветни градини направени се во подрачното училиште во село Љубодраг, а се планира и регулирање на сообраќајниот режим заради поголема безбедност на уечниците со оглед на тоа што училиштето е покрај регионалниот пат кон Скопје.

-Имаме идеја да направиме еден полигон за натпревари по сообраќај, во потрага сме по инвеститор. Сакаме са направиме и мини зоо- градина со примероци од сите домашни животни кои се чуваат во овој регион, а во соработка со невладината организација „Мајка“ изработивме проект за ботаничка градина“, изјави Мирослав Димевски, директор на ООУ „Карпош“ с. Умин Дол

Во училиштето „Карпош“ кое што е оддалечено од градот само 11 километри настава следат околу 140 ученици од селата Умин Дол, Љубодраг и Ново село.