Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода вчеравечер во 22 часот лишиле од слобода 45-годишен кумановец поради сомнение дека од приватен имот на улицата „Косовски бригади“ во Куманово одзел пари, соопштија надлежните.
Тој бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.