ВИДЕО: Се одбележува Недела на грижа на стари лица во домот „Зафир Сајто“

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ со повеќе активности ја одбележува Неделата на грижа на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“. Претставници од Црвен крст, деца, ученици ги посетуваат корисниците и со различни активности го збогатуваат секојдневието на корисниците на установата. Во кумановскиот дом речиси целосно се исполнети капацитетите. Цената за сместување е 16.000 денари во која е вклучено сместување, оброци, лекари, освен одредени лекарства.

Коментари

коментар(и)