ВИДЕО: Се одржа вториот музички детски фестивал „Бисерчиња“
Во преполна сала на Занаетчискиот дом вчеравечер се одржа вториот музички фестивал на детски песни „Бисерчиња“ организиран од Асоцијацијата за уметност и култура „МУЛТИ АРТ“ и Телевизија Плус. Присутните имаа можност да ги проследат и видео спотовите за песничките со кои што се претставија 14-те учесници. Настанот е поддржан од општина Куманово и општествено одговорни компании од градот.