ВИДЕО: Се отвори новиот салон на Техномаркет

Се отвори новиот салон на Техномаркет во Куманово. Граѓаните денеска на големото отворање и во наредните неколку денови ќе имаат можност да ги искористат најголемите попусти на повеќе од 1.000 производи и да бидат дел од новото шопинг искуство.

-Разликата меѓу овој салон и претходниот е што овој салон има 750 квадратни метри за разлика од нашиот претходен салон кој што имаше 450. Зошто го направивме овој чекор? Тоа беше за да ја оправдаме, пред се довербата на потрошувачите која што за наша среќа ја имаме во изобилие, пред се поради политиката на компанијата која што налага дека секој клиент мора да биде задоволен и кај нас за многу голема среќа сите клиенти се задоволни, изјави Горјан Цветковски од маркетинг секторот на Техномаркет

Во новиот салон на Техномаркет може да се купат производи по неверојатни цени и големи заштеди, од бела техника, лаптоп комјутери, мобилни телефони до мали апарати и останати производи.

-Би сакал да истакнам дека и во наредните три дена ќе имаме огромни попусти на преку 1.000 производи така што би сакал да ги повикам сите кумановци, сите од околината па и другите градови да дојдат во Куманово и да ги искористат овие попусти бидејќи имаме навистина многу, многу интересни производи. Дополнително, со проширувањето на салонот обезбедуваме и дополнителни работни места за кумановци. Во салонот можете да најдете буквално се што ви е потребно за вашиот дом од бела техника, телевизори, мали апарати, аудио опрема, ИТ опрема, сега на помладите тоа им е поинтересно, мобилни телефони од сите светски брендови. Во моментов ќе нагласам дека имаме многу големи попусти, конкретно и во лаптопите, малите апарати, буквално се што ви треба, дојдете, можеби ќе видите нешто што сте заборавиле дека ви треба ќе го најдете тука, секако по најдобра цена, изјави Цветковски.

Компанијата Техномаркет денеска го отвори дваесеттиот салон во Македонија, а се подготвуваат уште два салони.

Новиот Техномаркет во Куманово се наоѓа на булеварот „Октомвриска револуција“ бр.36/1.

Во случајов станува збор за релокација на салонот од една на друга позиција во градот, појаснуваат од компанијата.

Коментари

коментар(и)