Подобрување на патната инфраструктура и пристапот до руралните средини е приоритет на Општина Старо Нагоричане, информира градоначалникот Мирослав Славковски.
Општината, од повиците од унгарскиот кредит преку Владата доби одобрение за реализација на пет проекти кои се однесуваат на реконструкција на патни правци во околните села. Дополнително, со поддршка од Светската банка, преку Министерството за транспорт и врски се реконструираат уште три локални патишта.