ВИДЕО: Се чистеше детското катче во Бавчи

Членови на институтот Ромалитико, граѓани и вработени во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска го чистеа од смет детското катче во Бавчи. Со акцијата која е во рамки на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ кој го спроведува Ромалитико, е по повод Меѓународниот ден на планетата Земја. Во втората фаза од акцијата е предвидено и обновување на катчето.

-Тука сме заедно со локалното население, подржувачите на проектот да ги обновиме и подобриме условите, да го исчистиме местото и да дадеме значење дека ова е заедничко добро и дека некои работи што зависат од нас можеме да ги преземеме и да ги решиме бргу – истакна Суад Скендери проектен директор.

-Сакам да апелирам до сите граѓани да престанат да фрлаат смет и да прават диви депонии не само од локалното население туку и оние кои со мотокултуватори го носат сметот од другите делови на градот-нагласи Емил Адемовски, консултант во НО Ромалитико.

Општината заедно со Центарот за ромска заедница ДРОМ пред две години во рамки на проект изгради вакво катче, со цел да ја покрене свеста на населението за зачувување на животната средина и намалување на отпадот. Меѓутоа и покрај неколкуте акции за чистење на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, граѓаните на оваа локација повторно фрлаат купишта смет.

Проектот „Заедно за нас“ Ромалитико ќе го спроведува до јуни 2025 година, а предвидено е да опфати 17 општини.

-Планот е да направиме што е можно повеќе акции кои ќе бидат за заедничко добро, без оглед кој, каде и како, важно е заедницата да почувствува дека ваквите места се исто така и нивно место за да го употребуваат сите. Нема да покриваме акции кои ќе бидат поврзани само со чистење туку имаме и примери од акции целта е заедницата сама да дојде со проритетите и да ни каже што всушност им е ургентно и како можеме да го решиме заедно-дополни Скендери.

Во Куманово заедницата алармирала за чисење на детското катче, речното корито, уредување на канализациона мрежа во Средорек и улично осветлување.

Коментари

коментар(и)