ВИДЕО: Слаб e интересот за вакцината против хпв вирусот во Куманово
Свесноста за вакцинација против хпв вирусот кој предизвикува рак на грлото на матката е ниска. Во Куманово опфатот со вакцината за заштита од хпв вирусот се движи помеѓу 50 и 60 проценти, информираа денеска од Здравствен дом Куманово, Детски диспанзер. Вакцината во Македонија е задолжителна и се дава на девојчиња по навршени 12 години, а од 2024 година почна да се применува и кај машката популација бидејќи тие всушност се преносители на хпв инфекцијата.
Секоја година од 23 до 29 јануари се одбележуваа оваа недела, со цел да се крене свеста за ризикот од рак на грло на матката и да им се помогне на жените да научат како да ги намалат овие ризици и да ја спречат болеста.