ВИДЕО: „Со љубов за Куманово“ за 11-ти Ноември

Здружението на жени „Нада Михајлова“ и поетски клуб „Обедница“ ја организираа манифестацијата „Со љубов за Куманово“, по повод 11-ти Ноември, Денот на ослободување на Куманово.

На манифестацијата претседателката Зора Ивановска посочи дека многу млади сограѓани ги положиле своите животи за слободата на Куманово и Македонија, затоа рече 11-ти Ноември е испишан со златни букви како симбол на нашата самобитност. Таа се осврна на ликот и делот на Нада Михајлова, жената борец од 3-та МУБ.

Здружението активно ќе продолжи да ги одбележување сите датуми од поновата историја на македонскиот народ, со посета на спомен обележјата и полагање свежо цвеќе.

Коментари

коментар(и)