ВИДЕО: Спортски активности по повод Денот на независноста

Екипи од седум основни училишта денеска беа дел од натпреварите во мал фудбал што се одиграа на игралиштето во комплексот Соколана. Спортските активности се во организација на Општинскиот сојуз на училиштен спорт на Куманово, а се одржуваат по повод утрешниот празник, Денот на независноста на Македонија.

– Училиштата се „Христијан Карпош“, „Крсте Мисирков“, „Кочо Рацин“, „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“, „Толи Зордумис“ и „Бајрам Шабани“. Останатите веројатно не можеле да ги организираат учениците заради стартот на учебната година, не можеле да ги организираат навремено екипите. Се надевам дека на понатамошните натпревари ќе има поголема масовност односно сите училишта ќе земат учество во сите спортови. Се одржува турнир по повод 08 септември и еден почеток за нашата успешна сезона 2022/2023 година каде што ќе продолжиме со општинските натпревари, зонски, регионални и државни натпревари. Оваа година планираме за учениците да организираме и лига систем на натпревари каде учениците многу почесто ќе одат на натпревари односно со двапати неделно тренинг и еден натпреавар така што и медиумите можат да пренесуваат и да се слушне за нашите ученици и спортисти кои можеби некогаш ќе стигнат до репрезентација како што досега имаме и репрезентативци и спортисти, изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општински сојуз на училишен спорт Куманово

Паралелно со натпреварите во футсал, денеска во основното училиште „Вук Караџиќ“ беа организирани и натпревари во одбојка – женска конкуренција, посочува Ѓорѓиевски. Интенцијата на Општинскиот сојуз на училишен спорт е наредните година преку повеќе спортски дисциплини сите основци да бидат вклучени во одбележувањето на 08 септември.

Инаку, Сојузот на училишен спорт беше активен и во текот на летото. Во јули месец на спортските терени на споменик Костурница, Отсекот за превенција, Општинскиот совет за превенција на детско престапништво и Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово преку забавни игри „Заедно за безбедно лето”, заедно со ученици и родители упатија порака за поголема грижа и внимание кон малолетните лица за нивна безбедност и заштита од злоупотреби и штетни влијанија кога се на распуст ,а со тоа да се спречи и намали детското престапништво. Настанот беше завршна активност за претходната учебна година со што полицијата традиционално секоја година ги потсетува родителите и институциите за заедничко градење и заштита на безбедно живеење на децата, градење на меѓусебна доверба и соработка.

Коментари

коментар(и)