ВИДЕО: Спортски настани за „11-ти октомври“

Со неколку спортски настани ќе се одбележи 11-ти октомври, Денот на народното востание. Во организација на општинскиот Сојуз на спортови ќе се одржат аикидо семинар, тениски турнир за деца до 14 години, атлетски митинг, ракометен турнир, пинг понг турнир. Во понеделник со почетокот во 11 часот ќе се одржи и манифестацијата со положување цвеќе пред Спомен Костурница. Нешто подоцна, во 12 часот е закажана и велосипедската трка Трофеј 11 октомври. Истиот ден ќе се одржи и куп во спортско риболовство.

-Во сабота се планира да се одржи атетски митинг кој го организираме традиционално веќе 9-та година, ќе има натпревар за помали дечиња, ќе започне во 11 часот, ќе настапат сите клубови во државата. Главната атлетска програма ќе започне во 13 и 30 часот, каде ќе има  настапи машка и женска екипа, на 60 метри, 200 метри и скок во далечина.  Ќе биде и онаа наша традиционална фамилијарна штафета  во концепт во кој настапува едно семејство со тројца членови, се трча 3×200-посочи Филип Колевски, претседател општински Сојуз на спортови.

Коментари

коментар(и)