ВИДЕО: Стојмановски: Петнаесет проценти од потрошувачите на вода не ги плаќаат сметките

Петнаесет проценти од потрошувачите на вода во Куманово никогаш не ги плаќаат сметките, а процентот на наплата на сметките за 2024 година е 81 отсто, информираше на вчерашната седница, директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

„Водовод“ минатата година работело со загуба од 22,3  милиони денари. Од нив, 18 милиони се кон добавувачи, а останатите се поради зголемени трошоци во секојдневното работење, истакна Стојмановски, потенцирајќи дека единствено што може да ги зголеми приходите е „Водовод“ да може да работи на изградба на канализациона, атмосферска и водоводна мрежа.