(ВИДЕО) Трае повикот за кофинансирање на системот капка по капка

До 27 јануари годинава трае повикот за прибирање на барања за кофинансирање на системот за наводнување – капка по капка,  конструкција на бунари и други зафати на површинска вода, информира Џабир Рамадани, регионален раководител на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството. Во случајов станува збор за подмерка од мерката 121 -„Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“. Според Рамадани, за подмерката најмногу се заинтересирани земјоделците кои што имаат овошни насади, заради прифатливите услови.

-До 1.800.000 денари е прифатлива вредност за набавка и сместување на системот капка по капка. Тука се опфаќа целиот систем од набавка на опрема и приклучни елемнети на тој систем за наводнување капка по капка до компјутеризација на истиот. Оваа мерка 121 е широка мерка која ги  опфаќа сите активности на земјоделци кои се за модернизација на земјодеслки стопанства. Дел од тоа е оваа подмерка 121.4 која е поврзана со кофинансирање на системот за наводнување капка по капка, значи домодернизација, а за конструкција на бунар прифатлива вредност е до 364.000 денари максимум. Тоа се однесува за еден бунар, ископ, елементи, цевки, филтри и сл. целиот систем капка по капка опфаќа и електрична енегија со сите пропратни работи, почнувајќи од довод на електрича енергија, набавка на агрегати, фотоволтаични панели и сл. Додека ако се однесува за поставување на систем капка по капка со користење на вода од хидромелиоративните сисетми, како што е нашето земјиште под систем за наводнување тогаш од документи треба само да има склучен договор со Водостопанство дека ја користи таа вода и се приклучува на тој систем. Ако се однесува за бунари тогаш ќе треба, ако веќе е ископан бунар или сака да ископа бунар иста е процедурата со иста документација, за да се легализира тој бунар, обично едно барање се поднесува до МЖСПП и се бара позитивно мислење з ада се користи вода од тој бунар за наводнување со систем капка по капка, изјави Џабир Рамадани, регионален раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

За поддршката можат да аплицираат земјоделци кои што се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Јавниот повик беше објавен на 29 декември минатата година.

 

Коментари

коментар(и)