ВИДЕО: Три децении постоење на хуманитарното здружение „Мајка“

Хуманитарното здружение „Мајка“ одбележува 30 години од своето постоење. За три децении тимот на здружението преку реализација на повеќе од сто проекти придонесе за подобрување на положбата и статусот на жените, децата, младите и лицата во ризик. „Мајка“ изминатите години делуваше во областа на хуманитарни активности, превенција, едукација, застапување и градење на локален активизам.

-„Мајка“ во 1992 година се формира како хуманитарно здружение, за делење на хуманитарна помош за луѓе во неволја, но подоцна со промените во општеството и начинот на работењето на организациите се пререгистрира во здружение и започнавме со проекти кои се насочени кон унапредување на родовата еднаквост. Имаме над 100 проекти реализирани во овие 30 години. Би сакала да истакна е дека тоа се проекти со кои што ги вклучуваме жените од руралните средини да се вклучат во планирање на локалните политики, односно планирање на буџетот на општина Куманово. Работиме шест такви рурални средини, со жените. Благодарност и до општината што ги прима жените, ги сослушува и дел од проблемите влегуваат во програмите. Сакам да истакнам и активност што ја работиме 15-16 години тоа е интеркултурна размена во Швајцарција со деца и млади, со други држави од Европа. Таа активност е долгогодишна, мошне успешна и многу деца од Куманово заминале како учесници, Лидија Илијевска, претседател на ХЗ „Мајка“

Здружението „Мајка“ е формирано во 1992 година од група на жени ентузијастки кои што сакале да направат промени во животите на нашите сограѓани. Првата претседателка на здружението е Гордана Митровска -Беба, а една од основачите на „Мајка“ е почесната претседателка на здружението „Коло на српските сестри“, Живка Христовска.

„Мајка“ минатата година реализираше шест проекти, Активни жени , отчетна власт 3 , Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство,  Женскиот придонес во пристапниот процес на ЕУ, утврдување на влијанието  на социјалните и економските детерминати врз животната средина на Ромите, Детска ликовна колоија „Пчиња 2022“, ООУ „Браќа Миладиновци“ и Можност за дигитална трансформација за вработените- Центар за научно образовани и културно ситражување од Газијантеп – Еразмус+.

 

Коментари

коментар(и)