Лондон Метрополитен Универзитетот вчеравечер во хотел „Мериот“ ја организираше третата церемонија на доделување дипломи на своите студенти. Реномираниот Лондон Метрополитен има 22 партнерства ширум светот, а веќе шест години меѓу партнерите е и Еуро Колеџ од Куманово. Студентите во Македонија кои студираат за двојна диплома ќе имаат ретка можност да го искусат квалитетот и ригорозноста на најдобриот образовен систем во светот стекнувајќи вештини коишто ќе им овозможат да развијат високо успешен професионален живот и да го остварат сиот свој потенцијал како поединци.
На синоќешната свеченост беа доделени дипломи на додипломци и магистри по бизнис администрација, магистри по меѓународни настани и туризам и дипломи на првата гернерација магистри по компјутерска технологија и сајбер безбедност.
Повеќе на оваа тема од изјавата на Љубиша Петрушевски, декан на Еуро Колеџ Куманово